Дру Баримор откри дека порано била во „отворена врска“ со Лук Вилсон.
46-годишната актерка разговараше со нејзината пријателка од шоубизнисот Кејт Хадсон, поранешна партнерка на братот на Лук, Овен Вилсон, која ѝ беше гостинка во емисијата „Шоуто на Дру Баримор“.
„Кога првпат се запознавме, бевме млади и диви“, рече Дру во своето ток-шоу.
Холивудската ѕвезда (46) нагласи: „Бев во врска со него, но мислам дека тој се забавуваше и со други девојки“.
Таа ја опиша нивната романса како „отворена врска“, додавајќи дека најверојатно за тоа допринела нивната младост.