Стефанос Циципас го загуби полуфиналето на Аустралијан Опен од Данил Медведев, а повторно беше обвинет дека користи совети од својот татко и тренер за време на мечот.
Рускиот ривал врескаше по судијата тврдејќи дека Циципас треба да биде казнет за „коучинг“ бидејќи неговиот татко зборувал по секој поен, а тоа не му се допадна на Гркот.
– Смешно е кога се случуваат такви работи, но веќе не обрнувам внимание.
– Знам дека играчите сакаат да го прават тоа за да го исфрлат противникот од ритам, веројатно тоа е тактика. Медведев сигурно не е меѓу најзрелите личности на турот, – изјавил Циципас.
– Инаку не слушам ништо додека играм, треба да имате супер слух за да слушнете што ви зборат од трибините во таа бучава. Се смеев на мечот со Пер, бидејќи добив опомена за „коучинг“ иако мојот тренер беше оддалечен пет километри од мене, – рекол грчкиот тенисер.