Музиката на Нил Јанг е отстранета од стриминг-платформата „Спотифај“, откако пејачот-текстописец се спротивстави неговите песни да се пуштаат на истата платформа што го нуди подкастот на Џо Роган, соопштија компанијата и музичарот.
Претходно оваа недела, Јанг објави писмо упатено до неговиот менаџер и издавачката куќа, „Ворнер мјузик груп“, во кое побара „Спотифај“ повеќе да не стримува негова музика сè додека Роган шири дезинформации за вакцините против Ковид-19.
Во четвртокот, пејачот на Heart of Gold и Rocking In the Free World се заблагодари на неговата издавачка куќа што „застана зад мене во мојата одлука да ја повлечм целата своја музика од „Спотифај“, и ги охрабри и другите музичари да го сторат истото.
„Spotify стана дом на дезинформации за Ковид опасни по живот“, напиша Јанг на неговата веб-страница. „Лаги се продаваат за пари“.
Шведската компанија соопшти дека се труди да ја балансира безбедноста на слушателите и слободата на креаторите и дека отстранила повеќе од 20,000 епизоди на подкаст поврзани со Ковид-19 во согласност со своите детални политики за содржина.
Роган (54) е водител на The Joe Rogan Experience, најдобро рангиран подкаст на „Спотифај“, кој има ексклузивни права на програмата.