МЗТ Скопје убедлив во дербито против Еуро Никел 2005

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром без никакви проблеми славеше во дербито на 14. коло од домашниот шампионат со 81:67 над Еуро Никел 2005. Овој дуел претставуваше и реприза од финалето на минатогодинешниот плеј-оф, а МЗТ Скопје ја оствари и шестата победа по ред во меѓусебните натпревари.

„Металците“ подобро го започнаа натпреварот и по првата четвртина имаа предност од 21:15, но во 13 минута Еуро Никел со серија од 2:8 дојде до израмнување (23:23). По тројката на Димчевски, гостите дури и поведоа со 23:26., а одговорот на МЗТ Скопје беше во финишот од втората четвртина кога направи серија од 8:0 и на одмор замина со предност од пет поени 37:32.

Одлучувачки момент за победникот беше третата четвртина во која домаќинот. Стегаа „сино-белите“ заигра далеку подобро во одбраната и на противникот му дозволи да постигне само 12 поени, додека „металците“ дадоа 20 и дојдоа до убедливи 57:44 по што рутински ја одработија последната четвртина.

Крстевски со 17 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, а одлична паритја прикажаа и Дејвис и Рикиќ кои дадоа по 14 поени, додека Милошевиќ оствари дабл-дабл од 10 поени и 11 скокови. Калахан со 14 поени и Николовски со 11 поени беа најефикасни во редовите на Еуро Никел.

По 14. одиграни натпревари, МЗТ Скопје има скор од 11-3, додека Еуро Никел 2005 сега има шест победи и седум порази.

Треба да знаете
Последни објави