Барселона официјално го доведе второ ново засилување оваа зима. Тоа е крилниот напаѓач на Вулверхемптон, Адама Траоре, кој на „Камп Ноу“ ќе игра како позајмен до крајот на сезоната, по што каталонците ќе можат да го откупат за околу 30 милиони евра. Клаузулата за купување е опционална.
Шпанецот начелно се договорил на лето да потпише петгодишен договор со Барселона. Траоре вчера ги мина лекарските прегледи, а предмалку Барселона и официјално го објави трансферот. Презентацијата на Адама Траоре ќе биде в среда, на 2 февруари.
Сериозен интерес за него имаше и од Тотенхем. Вулверхемптон ја одби понудата од 15 милиони фунти од лондончани, кои беа подготвени да го зголемат влогот на 20 милиони. Сепак, самиот играч сакаше да се врати на „Камп Ноу“, каде играше до 2015 година, по што се пресели во Астон Вила. Тој е второто ново засилување на Барселона од Премиер – лигата, откако каталонците веќе го привлекоа Феран Торес од Манчестер Сити.
Каталонците се обидуваат на два дена до крајот на зимскиот преоден рок да го откачат Осман Дембеле, за кого три англиски премиерлигаши во моментов се борат за да го добијат, Барселона го отпиша францускиот репрезентативец
поради неговиот инает и алчноста. Барсеа веќе му порача да си бара нов клуб, зашто повеќе за Каталонците нема да игра ако не ја потпише новата соработка, па зашто е на шест месеци до истекот на договорот, Барса го (про)дава за само 20 милиони евра, повеќе од шест пати помалку од тоа што плати за него за да го донесе во 2017 година од Борусија Дортмунд.
И според последните информации Манчестер јунајтед, Њукасл и Челси се трите клуба кои веќе имаат официјално доставени понуди и до Барса и до Дембеле, но интересно ниту една не го задоволува премногу Французинот, но тој е прекраток со време за размислување, па ќе мора да избере некоја кога веќе е сѐ појасно дека е решен да не продолжи со Барса.