Камерун и Буркина Фасо први полуфиналисти на Африканскиот куп

Напаѓачот на Лион, Карл Токо Екамби со два гола во второто полувреме му донесе на Камерун пласман во полуфиналето на Африканскиот куп на Нации.
Популарните Нескротливи Лавови ја победија Гамбија со 2:0 и ќе играат во завршницата на турнирот на кој се домаќини.

Екамби погоди одлично со удар со глава во 50. минута и го разби бункерот на Гамбија, селекција која за првпат играше четвртфинале на АФКОН. Напаѓачот на Камерун само 7 минути подоцна имаше многу лесна задача и осамен од близина ја закова топката во мрежата на Гамбија.

Камерун е првиот полуфиналист на Купот на Нации, а ќе игра со победникот од утрешното дерби меѓу Мароко и Египет.

Интересно е дека домаќините во нокаут фазата елиминираа две селекции кои забележаа историски резултати на АФКОН. Прво ги победија Комори со 2:1 во осминафиналето, а ривалот за првпат на Африканскиот куп на Нации играше во нокаут фаза. Сега ја исфрлија од игра и Гамбија, селекција која за првпат играше четвртфинале на турнир за првак на Африка.

Фудбалерот на француски Лориен, Данго Отара со гол во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме, ја однесе Буркина Фаса во полуфинале на Африканскиот куп на нациите во Камерун, после тирумфот со 1-0 во вечерашното четвртфинале со Тунис.

За Буркина Фасо ова ќе биде четврто полуфинале на континенталниот шампионат на Африка во својата историја, откако првпат се најдоа меѓу најдобрите четири во 1998 година (4-то место), а во изминатава деценија еднаш завршија трети (2017) и еднаш беа африкански вицепрваци (2013).

Иако Тунис доминираше на мечот, особено во вториот дел откако доживеаа шок на крајот на првиот, не им помогна ни 70 отсто од поседот во вториите 45 минути, вкупните 10 корнери, а ни фудбалерот повеќе по 82-та минута кога беше искллучен стрелецот на голот поради удар со лакт за да се изборат барем за продолженија, па во дополнителното време или евентуалните пенали да успеат да минат во полуфинале.

Буркина Фасо сега го чека подобриот од мечот Сенегал – Екваторијална Гвинеја, утре од 20 часот за да го дознаат противникот за битката за финале.

Треба да знаете
Последни објави