Вчера МРТ во специјална емисија ги претстави на македонската јавност шесте песни кои се во трка да бидат претставник на Македонија за овогодишниот Евросонг во Торино, Италија.
За претставник на Македонија, во трката ќе се борат: Ris Flower, Kaly, Yon Idy, Лара Иванова, Виктор Апостоловски и Андреа.
Гласањето се одржува онлајн, се отвори синоќа а ќе трае до 04.02.2022 година, односно 7 дена. Онлајн гласовите ќе учествува половично во одлуката, а другата половина е на одговорност на стручно жири. Гласовите ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).
Детали за изведувачите, како и за песните може да видите на линкот https://evrovizija.mrt.com.mk/ каде исто така се гласа.