Данците во продолженијата до одмазда против Франција и бронза на ЕП

Данска го освои бронзениот медал на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако во вториот меѓусебен меч им се одмазди на Французите за 35:31 победа по двете продолженија во меч со многу пресврти во кој Данците рано ги загубија своите први ѕвезди Микел Хансен и Матијас Гидсел со повреди.

Французите имаа подобар старт за 9:5 водство, но Данска се врати и до полувремето беше само еден гол предност за „триколорите“ (14:13). Данците имаа одлично второ полувреме за да поведат со 21:18, но на крај по 60 минути беше 29:29 за да се оди во продолженија.

Во продолженијата, Расмус Лауге постигна три гола за да ги предводи Данците до бронзата, додека на голот блесна Никлас Ландин. Јакоб Холм заврши со 10 гола за Данска, додека Никлас Киркелоке додаде 5, додека за Франција, Кентин Мае беше убедливо најдобар со 8 гола.

Треба да знаете
Последни објави