Ливерпул го потврдија комплетирање на договорот за колумбиската ѕвезда на Порто, Луис Дијаз, носејќи големо засилување, откако претходно се појави фотографија на Колумбиецот во дрес на „црвените“.
Според „Дејли мирор“, тимот на Јирген Клоп завршил одлична работа со трансферот од 50-тина милиони фунти, откако Порто барале 83 милиони фунти. Ливерпул ќе платат 37.5 милиони фунти веднаш, и одредени бонуси до 12.5 милиони фунти.
24-годишниот Дијаз ќе добива околу 90.000 фунти неделна плата, и ќе биде „адут“ на Ливерпул во преговорите со Мохамед Салах за продолжување на договорот, а исто така претставува „победа“ на „црвените“ во борбата за неговиот потпис, откако се веруваше дека Тотенхем се пред комплетирање на договорот.
The moment you’ve been waiting for…
Luis Diaz is a RED ???? #VamosLuis pic.twitter.com/wl9koUlPgl
— Liverpool FC (@LFC) January 30, 2022