Надал победи на Отвореното првенство на Австралија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои 21. Гренд слем титула откако попладнево во Мелбурн го совлада Русинот Данил Медведев. Во меч што траеше пет и пол часа, Надал губеше со 2:6 и 6:7, но следуваше голем резултатски пресврт и три добиени сета со 6:4, 6:4 и 7:5.

Надал е прв со 21 трофеј од големите турнири, четвртиот во историјата кој двапати ги освоил сите Грен слема. Претходно, секој од „гренд слем турнирите“ ги освои најмалку двапати Новак Ѓоковиќ, Рој Емерсон и Род Лејвер.

Надал освои две титули на Австралија опен, 13 на Ролан Гарос, две на Вимблдон и четири на УС Опен.

Воедно, Шпанецот е четвртиот најстар шампион на Австралија опен. Тој сега има 35 години и 241 ден. Постари од него во моментот кога го подигнале трофејот во Мелбурн биле Кен Роузвол – 36 години 73 дена (1971 година); Роџер Федерер – 36 години 173 дена (2018); Роузвол 37 години 62 дена.

Треба да знаете
Последни објави