Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски потпиша договор со Ал Фаја од Саудиска Арабија вреден 1,5 милиони евра по сезона. Трансферот го договори македонската менаџерска агенција Џевахир менаџмент.
Претходно денеска беше објавено од данските медиуми дека Трајковски предвреме ќе ја заврши позајмицата во редовите на Алборг и дека најверојатно ќе се врати во шпанската Мајорка.
Сепак, репрезентативецот одлучил да не се врати во „Ла Лига“, туку се сели во Саудиска Арабија.
Македонедцот се согласил за договор на 18 месеци, со опција за продолжување на соработката на уште една година.
Претходно во клупската кариера беше дел од екипите на Цементарница 55, Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Мехелен и Палермо. Во Саудиска Арабија веќе настапува еден наш репрезентативец, тоа е Езџан Алиоски кој ги брани боите на Ал-Ахли.