Трансферот на Пјер Емерик Обамејанг во Барселона дефинитивно пропадна, пренесуваат шпанските медиуми.
Каталонците и Арсенал не постигнаа договор за тоа во каков размер ќе ја плаќаат платата на Габонецот.
32-годишниот Обамејанг утрово пристигна во Барселона и се надеваше дека ќе го комплетира трансферот на „Камп Ноу“, но сега ќе мора да се врати во Лондон.
Шпанските медиуми пренесуваат дека зделката е пропадната и доколку Барселона не ги промени условите во последен момент, Обамејанг ќе остане во Арсенал.
Обамејанг објасни дека пристигнал во Барселона за да ги посети членовите на семејството, а не за да преговара за трансферот.
Со оглед на фактот дека трансфер пазарот се затвора вечерва, готово сигурно Осман Дембеле ќе остане во Барселона, а Обамејанг во Арсенал.