Ахмети ги обвини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека со години ја напаѓаат ДУИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети  на Фејсбук објави видео компилација од прес конференции на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.

„Со години постојат напори од различни актери  да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за оставрување на своите цели во секојдневните партиски политики“, напиша Али Ахмети на Фејсбук.

Тој, како што вели, со ова видео започнува нова статегија на партијата.

Треба да знаете
Последни објави