Бугарската вицепремиерка ја бојкотира посетата на Скопје поради средбата на Пендаровски со ОМО Илинден

Бугарската вицепремиерка Корнелија Нинова ја бојкотира посетата на Скопје, поради средбата на Пендаровски со ОМО Илинден, објави БГНЕС.

Нинова која е министер за економија во владата на Кирил Петков, но и претседател на Социјалистичката партија во Бугарија, според медиумите во Софија, била испровоцирана од средбата на претседателот Пендаровски со македонските здруженија од Бугарија и затоа одбила денеска да присуствува на првата средба на македонско- бугарската група за економија која се оддржа во Скопје.

Сепак официјално од кабинетот на Нинова – Калојан Методиев, кој е шеф на нејзиниот кабинет за ТВ 24 вели дека официјалниот став е дека според агендата, бугарскиот министер Лорер е во Скопје, а Нинова воопшто не била планирана и дека ќе се појави на втората средба на македонско – бугарската економска група. Методиев не ги потврди, ниту пак ги коментира пишувањата на бугарките медиуми, каде османа оваа вест.

Од македонската влада за ТВ 24 потврдуваат дека Нинова денеска не дошла во земјата. Тие велат дека групите си имаат утврдена листа според која се движи динамиката на преговорите на сите средби.

 

Треба да знаете
Последни објави