Нов претседател на Комисијата за заразни болести е професорот и директор на Институтот за имунологија доктор Александар Петличковски, потврдуваат за „Слободен печат“ извори од Комисијата. Седницата на Комисијата за заразни болести се` уште трае. На неа покрај новиот состав на Комисијата се дискутира и модусот според кој ќе се врши скринингот на учениците во училиштата. Досегашен претседател на Комисијата беше доктор Жарко Караџовски, директор на Институтот за јавно здравје. Се` уште не е познато од кои причини тој е сменет од позицијата и дали воопшто останува во Комисијата каде што членуваше повеќе децении.
Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом – Скопје е поставен за нов портпарол на Комисијата, според потврдени информации за „Слободен печат“.
Новите кадровски промени во Комисијата за заразни болести, која е советодавно тело на министерот за здравство, ќе ги соопшти министерот Беким Сали на прес конференција попладне.