Новиот менаџер на Евертон, Френк Лампард, сака да го види во стручниот штаб својот поранешен соиграч, Ешли Кол, објави „Скај спорт“.
Ешли Кол, работи како тренер во академијата на Челси и како тренер во У21 репрезентацијата на Англија. Доколку ја прифати понудата и стане дел од стручниот штаб на Лампард, ќе мора да ги напушти овие две работни места.
Лампард во стручниот штаб ги донесе од Челси, Џо Едвардс, поранешниот менаџер на Дерби каунти, Ридинг и Свонси, Пол Клемент и Крис Џонс со кого соработуваше во Дерби каунти.
Од луѓето кои работеа со Рафа Бенитез ги задржа Данкан Фергусон и тренерот на голманите, Алан Кели.
„Скај спорт“, објави дека Ешли Кол во наредните денови ќе донесе одлука дали ќе му се приклучи на Лампард.