Министерот за иновации и раст на Бугарија, Даниел Лорер, на денешниот прв состанок на македонско-бугарската работна група за економија, трговија и иновации што се одржа во Скопје, најави дека двете страни договориле механизам за заштита на инвеститорите од дискриминација.
„Да го објаснам тоа подобро, ако некоја бугарска компанија инвестира во РСМ и во текот на постапката забалежи дека некоја локална власт, да речеме ја кочи дозволата за градба, тоа во најбрз можен рок да се сигнализира и до мене и до вицепремиерот Фатмир Битиќи за да можеме да го решиме пробелемот со наголема итност“, рече Лорер.
Тој додаде и дека постапката би била иста доколку ова му се случи и на македонски инвеститор во Бугарија.
Инаку ова е втора средба на владините делагации на РС Македонија и Република Бугарија, а следниот состанок на оваа работна група ќе биде во месец март.