Уставниот суд почна процес за одлуката на Парламентот за отповикувањето на Мета

Уставниот суд на Албанија денеска го започна процесот кој ќе заврши со пресуда за одлуката на Парламентот да го отповика претседателот на државата Илир Мета поради кршење на Уставот.

Одлуката на Уставниот суд е последниот чекор во процесот кој ќе утврдува дали Мета ќе биде сменет или ќе може да остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во јули. Засега не се знае кога ќе се произнесе Уставниот суд, а процесот би можел да трае еден месец.

Во јуни минатата година, парламентот гласаше за отповикување на Мета, откако парламентарната истрага заклучи дека албанскиот претседател прекршил 16 члена од Уставот и поттикнал насилство врз владејачките социјалисти за време на кампањата за парламентарните избори на 25 април. Мета ја осуди истрагата и одлуката на парламентот за отповикување, тврдејќи дека тие се незаконски.

Треба да знаете
Последни објави