Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 7.385 нови случаи на зараза со коронавирус и 66 починати.
Бројот на активни инфекции во моментов е 54.773. Меѓу нив се на болничко лекување 2.052 пациенти, од кои 183 се на респиратор.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска, 13.893 лица починале од корона вирусот. Во последните 24 часа биле тестирани 7.196 примероци за корона вирус, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.