Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас синоќа соопшти дека e позитивна на коронавирусот и дека е изолирана дома.
Трас, којa денеска во британскиот парламент ги објави плановите за заострување на санкциите кон Русија доколку ја нападне Украина, требаше да го посети Киев оваа недела како дел од дипломатските напори за смирување на кризата, пишува „Ројтерс“.
„ Вечерва се тестирав позитивно на Ковид. За среќа, примив три дози од вакцината и ќе работам од дома додека сум во изолација“ изјави Трас на Твитер.