Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на Фејсбук објави видео компилација од прес конференции на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ во кои двете партии ја обвинуваат ДУИ за криминал и корупција.
„Со години постојат напори од различни актери да ѝ нанесат штета на ДУИ како и да ја користат за оставрување на своите цели во секојдневните партиски политики“, напиша Али Ахмети на Фејсбук.
Тој, како што вели, со ова видео започнува нова статегија на партијата.