Брејди демантира дека ќе се пензионира

Том Брејди, според многумина најдобриот играч во историјата на американскиот фудбал, се огласи по информацијата, која во саботата ја лансираше ЕСПН, дека ќе замине во пензија.

Откако, вчера, информацијата ја демантираа таткото на брејди и неговиот менаџер, се огласи и 44-годишниот квотербек на Там Беј.

„Се уште минувам низ комплетниот процес. Не сакам да избрзам со одлуката. Сепак, станува збор за исклучително важна одлука за мојата кариера. Кога ќе го почувствувам вистинскиот момент ќе ја објавам одлуката“, рекол Брејди.

Том Брејди за 22 години во лигата постави бројни рекорди и освои седум шампионски титули.

Треба да знаете
Последни објави