Тетовскиот градоначалник Биљал Касами преку социјалните мрежи информираше дека е позитивен на Ковид-19. Додека е во изолација дел од обврските ќе ги исполнува од дома.
-Сакам да ве информирам дека по резултатите добиени од тестирањето, сум позитивен на Ковид-19. Врз основа на препораките на Министерството за здравство, ќе ги почитувам препораките против Ковид со самоизолирање. Во овој период моите должности како градоначалник на Тетово ќе ги извршувам од дома. Ве повикувам сите да носите маска и да се грижите за вашето здравје, напиша Биљал Касами.
Тој немал никакви симптоми. Претпладнево имаше средба во Општина Тетово со делегација од амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорката Вероника Хулман Марти, пишува Тетово Инфо.