По завршетокот на оваа сезона, Еурофарм Пелистер ќе остане без Јосип Периќ (среден бек), Немања Обрадовиќ (лев бек), Тео Мараш (десен бек) и голманот Маратон Секељи.
Сите овие играчи по финишот на оваа сезона ќе играат за унгарска Татабања која што има големи амбиции за наредната сезона.
Само за новопечениот хрватски репрезентативец, Тео Мараш, Пелистер ќе добие обесштетување, додека останатите тројца како слободни агенти ќе се приклучат кон овој амбициозен проект, кој што најавува голема борба со Веспрем и Пик Сегед за титулата во Унгарија.