Иако бројот 19 му е омилен, Горан Пандев во својот нов клуб, Парма, на дресот нема да ја има 19-ката на грбот. Во Парма, 19-ката е зафатена од Швајцарецот Симон Сом, па Македонецот мораше да одбере друга бројка.
Изборот падна на бројот 27, кој Пандев го носеше во Интер, во неговата најуспешна сезона во кариерата, кога ги освои и Лигата на шампионите и титулата во Серија А.
🇲🇰 𝐆𝐏2⃣7⃣ 🇲🇰#ForzaParma 🟡🔵 pic.twitter.com/QZd9ene0hk
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) February 1, 2022