Пуштени во употреба нови семафори со прекинувачи за најава на пешаци

Продожуваат активностите на Град Скопје и Јавното претпријатија „Улици и патишта“ за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот преку реконструкција на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.

„Деновиве се пуштени во употреба новите семафори со прекинувачи за најава на пешаци на крстосница на улицата Скупи со улицата што води кон населбата Бардовци, поставен е и нов семафорски столб на крстосницата помеѓу булеварот 8 Септември и улицата Скупи, а на повеќе крстосници со булеварот Христијан Тодоровски-Карпош се поставени бројчаници на семафорите.

Дополнително, екипите на ЈП „Улици и патишта“ монтираа нови лантерни на семафорите на крстосницата со булеварот Србија со булеварот Трета македонска бригада, извршија санација на оштетените светлосни заштитни столпчиња по должината на улицата Никола Карев, а ја санираа и заштитната ограда на булеварот Метрополит Теодосиј Гологанов на кружниот тек кај Католичката црква“, соопштија од Град Скопје.

Треба да знаете
Последни објави