Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички остана без својот тренер Тони Симиќ.
Легендата на клубот од „Градски Парк“ си поднел оставка која била прифатена од управата на клубот. Центарци имаат големи проблеми во оваа сезона и тоа од финансиски природа, странците веќе си заминаа, па на последниот лигашки меч Работнички доживеа вистински дебакл против Феникс.
На таа средба Симиќ не беше на клупата поради здравствени проблеми што значи негов завршен меч на оваа функција беше дуелот со МЗТ Скопје УБ.
Останува да се види кој ќе биде следниот потег на Работнички, клуб кој има огромна историја, традиција, успеси и не заслужува да се најде во позиција да се бори за опстанок во првата лига.