ВМРО-ДПМНЕ со нов тим за промени кои мора да донесат иднина.
Вчера Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го избра новиот ИК на партијата. Во новиот ИК има луѓе од сите општествени сфери, кои се докажани во своите области на работа и делување.
Новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе генерира политики кои ќе значат што побрза промена на власта на СДСМ, преку предвремени избори, а потоа и решавање на проблемите на граѓаните.
Оваа влада на СДСМ ја задолжува државата, на секои 20 дена секое домаќинство се задолжува за нови 200 евра. Евроинтегративните процеси се закочени, економијата оди во надолна линија.
ВМРО-ДПМНЕ и новиот ИК ќе преземат иницијатива за оформување на широк народен фронт против власта која ја уназадува земјата на секој чекор.
Ќе се бориме за функционален систем и функционална демократија, а тоа веќе го правиме преку предлогот за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, што ќе заштеди пари на граѓаните, но и ќе обезбеди поголема функционалност.
ВМРО-ДПМНЕ се залага за промени кои ќе значат општ развој, а кои можат да се случат единствено со избори.