Пред зградата на Хрватскиот институт за јавно здравје во Загреб утрово во 10:00 часот, започна протестот на граѓаните против рестриктивните мерки наменети за запирање на ширењето на коронавирусот. Главна причина протестот е најавеното тестирање на коронавирус во училиштата, пренесува Индекс.
Хрватските здравствени власти најавија дека учениците ќе мора секој понеделник пред училиште да бидат тестирани за коронавирус.
На протестот, претходно најавен на социјалните мрежи, пред ХИЗЈЗ се собраа околу стотина луѓе. Граѓаните на протестот беа повикани преку социјалните мрежи, а поканата гласи „На 1 февруари во 10 часот да им кажеме да од**ат од нашите деца“.
На протестот е присутна и интервентната полиција, а сообраќајот е запрен во тој дел на градот.
„Доста е терор врз децата!“, „Маски надвор од училиште“, „Стоп за едноумието“, „Заедно слободни“, се само дел од транспарентите што ги донесоа демонстрантите.
Проследете дел од атмосферата: