Јас сум „за“ секоја иницијатива за намалување на трошењата од државниот буџет, но не и за отворање на Уставот во моментов, изјави претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност на која се разговараше за внатрешната безбедност и состојбите во регионот и пошироко.
Ова беше ставот на претседателот по прашањето за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на бројот на пратеници од 120 на 90.
Пендаровски вели дека на земјава сега не ѝ треба повторно отворање на највисокиот правен акт, а доколку тоа се случи во иднина, потребен е апсолутен консензус меѓу сите актери и можеби за повеќе прашања.
-Во политичка смисла секогаш е проблематично да се отвори Уставот. Мојот став е дека во последните години многу често го отворавме Уставот. Уставот не треба да се отвора премногу често. Уставот треба да се отвори кога навистина ќе има причина за тоа, а и останатото кога има политички субјекти кои сега предупредуваат дека не само да се намали бројот на пратеници од 120 на 140 на 90, туку може да се отворат и некои други прашања. Уставот е практично на дневен ред сега со инсистирање на Софија, не ако некој друг ни го наметне, туку ако решиме да ги вклучиме Бугарите во Уставот, рече претседателот Пендаровски.
Претседателот зборуваше