(Фото): Кој игра „руски рулет“- пешаците или возачите?

На скопските улици секојдневно се игра „руски рулет“. Подеднакво се виновни и пешаците и возачите. Првите поминуваат каде мислат дека им е најпогодно за да стигнат до целната дестинација без разлика дали има пешачки премин или зелено светло.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. Па така, само во изминативе пет дена на територија на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, но и 86 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Вторите пак, возачите застануваат на пешачки само кога мораат. Камерата на 24 инфо прошета низ скопските улици и забележа низа неправилности. Заклучокот за тоа кој е во право ви го оставаме вам…

Фото: (С.Ѓ.)

 

Треба да знаете
Последни објави