Луис Хамилтон потполно исчезна откако ја загуби титулата во последниот круг на последната трка во Абу Даби на патеката „Јас марина“ и сè уште не е познато дали тој ќе се врати да вози за Мерцедес. Тој за прв пат вчера се појви на социјалните мрежи со честитки за Кинеската Нова година, но и со нов имиџ, со потстрижена коса.
Неговиот договор истече по крајот на минатата сезона, а барем засега нема никакви најави дека ќе биде продолжен бидејќи е неизвесно дали Британецот сака уште да вози во најелитното автомобилистичко натпреварување.
Сепак, Луис Хамилтон ќе се врати ќе се врати ако ФИА докаже дека Ф1 е „поправеден спорт“ во 2022 година, вели телевизискиот презентер, поранешен Ф1 возач, Карун Чандхок.
Чандхок предупреди дека ФИА ќе треба да „демонстрира“ дека направиле промени во правилникот.
-Мојот личен инстинкт е дека тој ќе се врати. Мислам дека тој на последните четири трки од минатата сезона ја покажа својата глад за победа и неговата вродена брзина воопшто не е намалена. Она што го направи во последните четири трки, квалитетот на возењето во последните четири трки беше исклучително. Беше исто толку добро како што било од Луис во последните 14 години. Сè додека може да се врати во вистинската рамка на умот, се додека ФИА може да му покаже дека направиле промени и воспоставиле механизми за да го направат спортот поправеден за она што Луис го смета за неправда кон него, тој ќе се врати, рече Чандхок.
Според информациите од Мерцедес, Хамилтон би се вратил само ако има големи промени, односно ако се разреши шефот на ФИА, Мајкл Маси, кој ја донесе одлуката да бидат тргнати болидите меѓу Хамилтон и Ферстапен, со што значително му ја олесни работата на Макс, кој дојде до првата титула во кариерата.