Пјер-Емерик Обамејанг до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Барселона. Во финишот на преодниот рок, Арсенал му го раскина договорот и тој како слободен играч се пресели на „Ноу Камп“.
Арсенал успеаја да ослободат речиси 30.000.000 евра во буџетот за плати. Габонецот во Лондон имаше неделна плата од 420.000 евра и договор до јуни 2023 година.
Откако Обамејанг потпиша, шпанските медиуми изведија изјава на тренерот Чави од 2020 година, во која тој вели дека Габонецот не е напаѓач каков што и е потребен на Барселона.
„Обамејанг е убиец кога ќе му оставите многу простор, противниците на Барселона не и оставаат простор. Таков напаѓач не ни е потребен, на Барселона и е потребен напаѓач кој знае да се снајде на мал простор. Тешко е да се најде голгетер кој може да и се прилагоди на Барселона. Тоа совршено го правеа Самуел Ето и Луис Суарез. Ако инсистирате со прашањето кој напаѓач би бил засилување за Барселона ќе ви одговоран, Нејмар. Тој би бил перфектен“, изјавил Чави пред две години.