Најдобриот тенисер во светот поради проблемите со визата го депортираа од Австралија поради што не можеше да ја брани титулата во Мелбурн, а поранешниот селектор на српската Дејвис Куп репрезентација, Богдан Обрадовиќ смета дека турнирот бил наместен од страна на организаторите.
„Со векови не лажат, па си продолжија со таа традиција за сите да мислат дека тие се во право, а всушност не се. Го тргнаа Новак додека е најдобар со три освоени трофеи и едно финале од минатата сезона, а тоа покажува и дека е најдобар на сите времиња. Не му дадоа да игра и измислија глупи причини да му го дадат трофејот на манекенот на „КИА“. Се е наместено и веќе видено, изјави Обрадовиќ.



