Австралија опен беше наместен за трофејот да го освои манекенот Надал

Шпанецот Рафаел Надал во финалето на Австралијан опен го победи рускиот тенисер Данил Медведев со 2-6, 6-7, 6-4, 6-4 и 7-5 по пет часа и 24 минути игра на арената „Род Лејвер“ за да дојде до 21. гренслем-титула во кариерата, па така зад себе да ги остави Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер во светот поради проблемите со визата го депортираа од Австралија поради што не можеше да ја брани титулата во Мелбурн, а поранешниот селектор на српската Дејвис Куп репрезентација, Богдан Обрадовиќ смета дека турнирот бил наместен од страна на организаторите.

„Со векови не лажат, па си продолжија со таа традиција за сите да мислат дека тие се во право, а всушност не се. Го тргнаа Новак додека е најдобар со три освоени трофеи и едно финале од минатата сезона, а тоа покажува и дека е најдобар на сите времиња. Не му дадоа да игра и измислија глупи причини да му го дадат трофејот на манекенот на „КИА“. Се е наместено и веќе видено, изјави Обрадовиќ.

Треба да знаете
Последни објави