Дехари единствен знаменосец на Македонија на ЗОИ во Пекинг

Единствен носител на македонското знаме на отварањето на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 ќе биде Дардан Дехари.

Нему требаше друштво да му прави Ана Цветановска (која на сите КОВИД тестови е негативна), но поради близок контакт со својот тренер Борче Јованоски (два пати позитивен на Ковид 19), нема да може да го носи македонското знаме.

Доколку има два последователни негативни теста, со посебно одобрение, Борче Јованоски ќе може веднаш од специјализираниот Ковид хотел да се врати во Олимпиското село во Пекинг.

Треба да знаете
Последни објави