Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ и оваа година во Скопје

Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) денеска ја информираа јавноста дека повторно сами ќе ја имаа улогата на организатори на завршниот турнир од Купот на Македонија за трофејот „Благоја Георгиевски-Буштур“, кој вторпат во низа ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје и тоа во периодот помеѓу 18 и 20 февруари.

Ова значи дека немало ниту еден заинтересиран за да биде домаќин на овој настан, чија организација чинеше најмалку 500.000 денари, колку што изнесуваше почетната сума на предвидената аукција во случај да имало повеќе кандидати. Бранител на трофејот е МЗТ Скопје, кој во ланското финале беше подобар од Работнички.

Двојките за фајналејт-турнирот беа одредени по првите 11 кола, по што беа познати осумте екипи кои ќе се борат за драгоцениот пехар, а меѓу кои по подолго време го нема поранешниот вицешампион Кожув, а го има дебитантот во елитата, тимот на Феникс.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ДВОЈКИ

ЧЕТВРТФИНАЛЕ (8.02)

(1) Пелистер – ТФТ

(2) МЗТ Скопје – Гостивар

(3) Работнички – Феникс

(4) Академија ФМП – Еуро Никел

ПОЛУФИНАЛЕ (9.02)

(5) Победник 1 – Победник 4

(6) Победник 2 – Победник 3

ФИНАЛЕ (10.02)

Победник 5 – Победник 6

Треба да знаете
Последни објави