Фудбалерите на Атлетик Билбао приредија изненадување и го совладаа Реал Мадрид со 1:0 во четвртфиналето од шпанскиот Кралски куп.
Први се заканија домаќините преку Дани Гарсија, кој шутираше од дваесетина метри во десеттата минута, но неговиот многу добар удар одлично го одбрани Куртоа. Истиот играч се закани три минути подоцна, но топката удри во Алаба и заврши во корнер.
Во 23. минута Муниаин се обиде, но неговиот удар од работ на шеснаесетникот отиде веднаш до стативата на Реал Мадрид. Кралевите се заканија само еднаш во првото полувреме, преку Крос, додека Билбао двапати се закани преку Муниаин и Вилијамс, но на одмор се замина без постигнат гол.
Слична игра гледавме и во вториот дел, а Муниаин повторно се закани во 47. минута, но Куртоа уште еднаш реагираше. Реал Мадрид првпат се закани во 75. минута преку Асенси, но неговиот удар го одбрани голманот на Атлетик.
И кога сите се подготвуваа за продолженија, на сцената се појави Алекс Беренгер. Се играше 89. минута кога Весга пресече лошо додавање на Касемиро, додаде до Беренгуеро кој феноменално го сврте Нача и го погоди небранетиот дел од мрежата на Куртоа.
Реал Мадрид имаше одлична можност во петтата минута од продолжението кога Иско истрча сам пред голманот Агуррезабал, но шутираше малку крај голот, па Билбао направи голема сензација и го елиминира Реал Мадрид.
Четвртиот патник во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп, кој како гостин Бетис убедливо славеше над Реал Сосиедад со 0:4.
Составот на Реал Бетис сезонава е вистински хит, не само што има одлични резултати во Кралскиот куп, туку и со настапите во „Ла Лига“ изненадува многумина. На табелата во првенството е на третата позиција со 40 бодови, зад Реал Мадрид (50) и Севиља (46).
На теренот во Сан Себастијан Хуанми двапати се запиша во листата на стрелците (12`, 57`), а по еднаш Вилијан Жозе од пенал во 83 и Руибал во 87 минута од средбата.
Така, екипата од Андалузија им се придружи на Валенсија и Рајо Ваљекано на македонскиот голман Столе Димитриевски во полуфиналната фаза од натпреварување.