Македонскиот репрезентативен голман и член на Работнички, Ристе Јанков, кариерата ќе ја продолжи во Казахстан. Тој се договори за трансфер во редовите на казахстанскиот прволигаш Каспиј.
Јанков имаше понуди и од Војводина и од Берое, но на крајот одлучи да ја одбере финансиски најдобрата опција за него.
Каспиј минатата сезона заврши на осмото место во првенството на Казахстан, а во новиот шампионат има уште поголеми амбиции.