Иднината на Марсело Брозовиќ е главна тема на Апенините бидејќи Хрватот се уште не го продолжил договорот со Интер.
Договорот на Брозовиќ истекува на крајот на сезоната, а двете страни веќе подолго време преговараат за продолжување на соработката.
Иако италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се блиску до договор, сега до Брозовиќ пристигна понуда од Барселона со годишна плата поголема од онаа која ја има во клубот од Милано.
Барселона наводно му понудила 8 милиони годишно на Брозовиќ кој на лето ќе биде слободен играч и може без обештетување да се пресели на „Камп Ноу“.
Последната понуда од „нероаѕурите“ изнесува 6 милиони евра по сезона, па во моментов Барселона е многу поблиску да го добие неговиот потпис.