Шкотскиот актер Џејмс Макавој потврди дека тој и Лиза Либерати се во брак.
Се шпекулираше дека актерот се оженил со неговата партнерка со која започна врска во 2018 година по средбата на снимањето на Split („Поделен“), но никогаш досега не ги потврдил шпекулациите.
Во разговор со весникот „Гардијан“, Мекавој откри дека неодамна се венчале.
Бидејќи Лиза потекнува од Филаделфија, Шкотланѓанецот Џејмс беше прашан дали сега е почесен Филаделфиец. „Да, тоа е како втор дом за мене,“ одговори тој.
Актерот од трилогијата „Икс-мен“, кој има 11-годишени син со првата сопруга Ен Мари Даф, е роден и израснат во Глазгов и иако сега живее во Лондон, сè уште има корени во шкотскиот град.
„Тоа е местото каде што сум роден, каде што пораснав. Сè уште имам дом таму и целото мое семејство е таму. Се гледам себеси и како човек од Глазгов и како човек од Лондон – глазговски лондончанец,“ рече тој.