Марцело Брозовиќ ќе потпише нов договор со Интер, тврди „Газета дело Спорт“. Овој тврди дека Брозовиќ ќе остане во Милано и покрај интересот на Барселона и Тотенхем.
Актуелниот договор што го има Брозовиќ со Интер истекува по завршувањето на сезоната. Клубот му понуди нов, со годишна плата од 6.000.000 евра, плус дополнитени бонуси.
„Газета дело Спорт“, потврди дека Брозовиќ добил понуда од Барселона, по завршувањето на сезоната да се пресели на „Ноу Камп“, како слободен играч. Хрватскиот репрезентативец ја одбил понудата, со образложение дека сака да остане во Интер.
Брозовиќ пред седум години се пресели во Интер од Динамо Загреб. За него Интер плати 8.000.000 евра. Според „Трансфермаркт“, Брозовиќ на фудбалскиот пазар вреди 40.000.000 евра.