Марк Закерберг преку ноќ изгуби 29 милијарди долари

Фејсбук губи дневни корисници за првпат во својата 18-годишна историја во последниот квартал од 2021 година, пренесоа светските медиуми, додавајќи дека личното богатство на извршниот директор на „Мета“ Марк Закерберг е помало за 29 милијарди долари по катастрофалниот пад на акциите на неговата компанија.

Фејсбук бележи пад од речиси 500,000 дневни логирања во последните три месеци од 2021 година, со 1,93 милијарда корисници кои се логираат секој ден.

Закерберг смета дека падот на корисниците на Фејсбук најверојатно се должи на бумот на популарноста на конкурентската платформа Тик-ток.

„Луѓето имаат голем избор за тоа како сакаат да го поминуваат своето време, а апликациите како Тик-ток растат многу брзо“, „Вашингтон пост“ го цитира Закерберг.

Тој повтори дека „Мета“ – компанијата што ги поседува Фејсбук, Инстаграм и Вотсап – напорно притиска да го развие краткото видео Reels во обид да се натпреварува со Тик-ток.

Комапнијата се соочи со катасрофален пад на акциите во продолженото тргување во средата, откако неочекувано големите трошоци за проектот „Метаверзум“ доведоа до редок пад на профитот во четвртиот квартал.

„Мета“ забележа пад на акциите за 22,6 отсто на 249,90 долари во тргувањето по работното време, бришејќи околу 200 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.

Закерберг, кој вреди приближно 107 милијарди долари, поседуваше повеќе од 398 милиони акции во „Мета“ на крајот на 2020 година, според „Инвестопедија“. Врз основа на неговите пријавени акции, тој лично доживеа загуба од над 29 милијарди долари кога акциите на компанијата паднаа во средата.

Треба да знаете
Последни објави