Чеферин: СП на две години- никогаш

Само еден ден откако членовите на Меѓународниот олимписки комитет жестоко ја критикуваа идејата на претседателот на ФИФА, Инфантино, повторно се огласи и Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, осудувајќи го предлогот Светското првенство да се одржува на секои две години.

„Таа идеја е против фудбалот, против машкиот и женскиот фудбал. Тоа е против олимписките спортови“, рече Александар Чеферин, додавајќи „Затоа мислам дека тоа никогаш нема да се случи“ .

Инфантино инсистираше на тоа дека организирањето на Светското првенство на секои две години наместо на секои четири ќе им овозможи на повеќе земји да се квалификуваат и да генерираат повеќе приходи.

Неодамна и Јужноамериканската фудбалска конфедерација се спротивстави на плановите на ФИФА, која рече дека „нема шанси“ да помине таков предлог.

Треба да знаете
Последни објави