Руските футсалци ја победија Украина во полуфиналето на ЕП- закани за убиство на трибините

Футсалците на Русија се пласираа во финалето на ЕП во Холандија по драматичниот меч против Украина во кој победникот не беше познат до самиот крај. Херој на Русите беше голманот Дмитриј Путилов, кој одбрани пенал во последната минута од натпреварот за конечни 3:2.

За Русија ова беше петто последователно полуфинале, а вкупно деветто на првенствата на Стариот Континент. Зборнаја еднаш беше шампион (1999) и пет пати вицешампион на Европа, додека Украинците ќе се борат за својата прва бронза по двата сребрени медали (2001, 2003).

Натпреварот од полуфиналето требаше да биде вистинска класика на големо натпреварување, но тензијата меѓу двете држави доведоа до тензија на теренот и на трибините.

Во се се истакна Јуриј Сириј, нервозенниот Украинец кој во секој момент беше подготвен да направи груб прекршок, да се расправа со судијата, но и да влезе во расправија со целата руска клупа.

Тоа што го кажа на Русите не се слушна, но јасно е што скандираа украинските навивачи.

– Кој не скока, тој е Москаљ (навредлив израз за Русите) – гласеше „песната“ што се слушаше од трибините на салата во Холандија.
Тие повикаа и на убиство на „Москаљите“ и на „редење на нивните трупови“.

Треба да знаете
Последни објави