(Видео) Торцида и Бед Блу Бојси се истепаа во Велика Горица

Хрватска денеска е згрозена од масовната тепачка во Велика Горица во која има и повредени.

Имено, во пресрет на натпреварот од 22. коло на локалниот фудбалски шампионат, во кој играа Хајдук и Горица, дојде до голема пресметка на хулигани.

Приврзаниците на двата тима ги наполнија улиците на Велика Горица, а тие се тепаа по нив.

Десетици навивачи се судрија, а локалните медиуми објавија дека во улога на „домашна екипа“ наводно се појавиле загрепските Бед Блу Бојс, кои навиваат за Динамо, а на кои сплитски Хајдук им е најголем ривал.

Факели, стапови, каиши, шипки и цигли биле дел од хулиганскиот арсенал, при што едно лице е тешко повредено, а полицијата уапсила осум хулигани.

Што се однесува до фудбалот, сплитскиот тим победи со 4-0, но сепак заостанува зад водечкиот тандем: Хајдук собра 41 бод од 21 натпревар, второпласираната Риека има 43 од 22 меча, а загрепски Динамо стигна до 43, но од 20 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави