Претходниот тренер на РК Вардар, Веселин Вујовиќ за прв пат во тренерската кариера ќе биде предводник на женски тим.
Хрватскиот првак Подравка Вегета ќе биде следната дестинација за популарниот Вујо, а ќе му биде понуден договор до крајот на сезоната.
Како што е добро познато, Вујовиќ и Вардар го раскинаа договорот пред неколку месеци а тој сега е без ангажман.
Раководството на Вардар, пак на неговото место го донесе Давид Дејвис Камара кој што вчеравечер го имаше своето деби како тренер на клупата како прв предводник.