Рома не успеа да ја победи Џенова, на отворањето на 24.коло во Серија А. Натпреварот на „Олимпико“ заврши без голови. Рома испушти можност да му се доближи на Јувентус на само еден бод, додека претпоследната Џенова освои значаен бод во борбата за опстанок.
Фудбалерите на Жозе Мурињо одиграа лош натпревар, беа без вистинска идеја во нападот. Неколку полу-шанси имаа домаќините, кои не успеаја да се наметнат ниту со играч повеќе не теренот. Во 68.минута Остигард беше исклучен.
Со играч помалку мечот го заврши и Рома. Заниоло доби црвен картон поради бурните протести во 94.минута кога му беше поништен гол по реакцијата од ВАР-собата.
Тренерот Жозе Мурињо не сакаше премногу да го коментира спорниот момент, но потенцира дека неговиот тим е жртва на моќните. Истовремено, тоа што се играше денеска рече дека не било фудбал.
-Џенова се бори за опстанок и дојде да освои бод, во што и успеа со грда игра. Нема да го коментирам тоа многу, зашто и јас да бев во нивна позиција ќе го направев истото. Тешко е да се игра против тимови кои се бранат, се обидовме да ја рашириме играта по крила, но секогаш кога Мајтланд-Најлс и Карсдорп ќе се ослободеа, немаше никој пред голот. Пробавме да промениме позиции на некои играчи, но немаше завршница. Не знам што да кажам за погодокот. Ако тоа е фаул, тогаш ова повеќе не е фудбал. Може да го наречеме поинаку, да му смислиме ново име зашто очигледно е нов спорт. За Рома тоа е дежави, зашто неколку пати ни се случи во текот на сезоната. Очигледно, Рома е мала во очите на моќните, изјави Мурињо.
Римјаните со освоениот бод останаа шести на табелата со 39 бода, но пропуштија шанса да му се приближат на Јувентус, кој сега има три бода повеќе, но и меч помалку.