(Видео): Американски верници палеа книги „Хари Потер“ во борба против „масонските ѓаволи“

Контроверзниот свештеник Грег Лок од американската држава Тенеси организирал палење на книги, со што, според него, тој се бори против „демонските влијанија“. Обредот се пренесувал во живо на Фејсбук, а меѓу книгите што ги палела толпата верници имало и примероци од серијалите „Хари Потер“ и „Самрак“.

„Свесни сме во што се впуштаме. Донесете сѐ. Престанете да дозволувате демони да влегуваат во вашите домови. Волшебништвото мора да исчезне, напишал Лок на Фејсбук, но подоцна ја избришал објавата. Сепак, снимката од бизарниот обред сѐ уште е достапна на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави