(Видео) Дел Потро се расплака објавувајќи крај на кариерата

Аргентинската тениска ѕвезда Хуан Мануел Дел Потро објави крај на кариерата и неговиот последен турнир ќе биде турнирот во родната Аргентина, во Буенос Аирес, по што ќе се повлече, па вечерва се расплака пред новинарите објавувајќи крај на својата кариера.

Дел Порто е поранешен освојувач на УС-опен, кој го освои пред 13 години и тоа е негов единствен гренслем турнир што го освоил, а има две полуфиналиња на Роланд Гарос и едно на Вимблдон, а со Аргентина го освои Дејвис-купот и има сребро од ЛОИ во Рио де Жанеиро во 2016 година, како и бронза од ЛОИ во Лондон во 2012 година.

„Тенисот е мојот живот, мојата страст“, рече Дел Потро со солзи во очите, па продолжи: „Многу го сакам овој спорт, но тешко е да продолжите со толку многу болка“.

Дел Потро заминува во пензија после серија на повреди поради кои не успеа да биде и уште подобар и кои го прекинуваа во кариерата, па Аргентинецот на 33 години се реши да заврши со професионалниот спорт.

Треба да знаете
Последни објави